а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

именува

именуваат; именувал; именуван
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 2755
1. Даде, дава име, назив; окарактеризира означувајќи со име (збор).
Англиски: name Албански: emëroj
Примери:
Тој стар поп селаните го именуваа „праведник“.
Капетанот Илија ја именува таа акција како провокација.
2. Спомене по име.
Англиски: name Албански: quaj
Примери:
Некои учесници во дискусијата ги именуваа виновниците за лошата состојба во колективот.
3. Постави, поставува на должност, функција, произведе, произведува во чин, звање и сл.
Англиски: appoint Албански: caktoj
Употреба: Административен термин
Примери:
Со колониите управуваше гувернер кого го именуваше англиската кралица.
4. (се именува) Се претставува себеси, го кажува своето име.
Англиски: introduce Албански: përfaqsorë
Примери:
Мислиш дека ми прилега името, Петре Прличко?
Не сакав ни себеси да се именувам.
5. (се именува) Се именуваат меѓу себе.
Англиски: name Албански: emërohen
Примери:
Тие се именуваа меѓу себе со разни шеговити имиња.
Изведенки
именување ср.
глаг. им.